|
| |
ПРИВЛЕКУВАЊЕ, ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ИЗБИРАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ КАНДИДАТИ
ТехникаПЕРМ е совршен партнер во јадранско-балканскиот регион во однос на услугите за регрутирање во автомобилската, фармацевтската и другите индустрии. Нашите регрутери во Словенија, Босна и Македонија работат врз основа на пристапот „совршен спој“, поврзувајќи ги совршените кандидати со совршените работодавачи. Поради нашите големите познавања од индустријата и регионот, регрутирањето за ПЕРМ или ТЕМП е прилагодено за секој клиент.
Инвестирањето во вистинските вработени е еден од најважните фактори за успехот на Вашата компанија, а нивното избирање е сосема друга приказна, па ајде ние да ја работиме нашата работа, а Вие Вашата. Ние ги проверуваме искуствата на кандидатите, стручноста, посебните вештини, карактерот, работните навики и нивните вредности. Кандидатите ги тестираме во однос на бараната позиција, за да лесно се вклопат во Вашата работна средина. Со текот на годините имаме развиено процеси за регрутирање за масовно селектирање и за тестирање на вештините на привремените работници на агенцијата и ги усогласивме процесите за регрутирање привремени кандидати, со употреба на сите тековни тестирања за оценување на потенцијалните кандидати. |
| |
 |
Локално регрутирање |
| |
|
ТехникаПЕРМ е присутна во Словенија, Босна и Македонија, и целосно ги покриваме и управуваме со локалните пазари. Нашето долгорочно присуство ни има обезбедено детални познавања во однос на економската и политичката состојба на секоја од овие земји, достапноста на кандидати и просечната плата. Нашите канцеларии се наоѓаат во Љубљана - главниот град Словенија, Скопје – главниот град на Македонија и Бања Лука - Босна. |
| |
 |
Прекугранично регрутирање |
| |
|
ТехникаПЕРМ управува со целиот јадранско-балкански регион. Нашите регрутери управуваат со потенцијалните вработувања на кандидати од Хрватска, Србија и Бугарија, од некоја од канцелариите или од самата земја. Со оглед на тоа што понекогаш е тешко да се најдат стручни лица, постои големо прекугранично вработување, така што миграцијата заради вработување е нормална појава во овој регион. |
| |
 |
Регрутирање за Европската унија |
| |
|
Поради добриот училишен систем и развиената индустрија во поранешна Југославија, кандидатите од јадранско-балканскиот регион се докажуваат како сигурни, квалификувани работници. Регионот нуди вредни физички работници, квалификувани и неквалификувани и широка палета експерти и образовани работници (инженери, архитекти, фармацевти, експерти во областа на тешката метална индустрија итн.). Сè уште постои прашањето со работните дозволи за ЕУ, што во 90% од случаите е решливо, особено, со оглед на тоа што постојано регрутираме стручни квалификувани работници, како заварувачи, инженери, возачи на камиони и слично од Србија, Македонија и Босна. Вработените во ТехникаПЕРМ работат заедно со клиентот, за да ги добијат соодветните работни дозволи за избраните кандидати. |
| |
 |
Потрага по најдобрите кандидати |
| |
|
Потрагата по најдобрите кандидати е метод на вработување што се применува кога потребите за вработување на клиентите за определено работно место се исклучително специфични. Регрутерите на ТехникаПЕРМ се активно вклучени во процесот на директна потрага и директна покана на посакуваните кандидати, со исклучително деликатен пристап. Регрутерите на ТехникаПЕРМ имаат улога на посредник помеѓу клиентот и кандидатот, помагајќи им да склучат договор. |
|
| |
| ТехникаПЕРМ може да регрутира различни профили: |
| |
 |
Главни извршни позиции (генерални директори, извршни директори, финасиски директори и членови на одбори) |
|
 |
Професионалци без раководни одговорности (маркетинг експерти, сметководители, бренд менаџери) |
 |
 |
Извршни, главни раководители (раководители на продажба, раководители за сметководство, раководители за односи со јавност) |
|
 |
Канцелариски работници (асистенти, секретари, работници во администрација) |
 |
 |
Пониски раководители (раководители на производство, локални раководители) |
|
 |
Работници во фабрики и во производство. |
 |
 |
Експерти во главните сектори (инженерство, ИТ, медицина) |
|
|
|
| |
|
|
|
|